Челниците на Челси веќе се сретнале со братот кој воедно е и агент на Серхио Рамос и му ја доставиле првичната понуда.

Рамос, кој има договор со „Кралевите“ до овој јуни, се уште нема решено дали ќе остане во Мадрид или ќе го менува клубот ова лето.

Челси е подготвен да му исплати на Рамос 12 милиони евра за една сезона, со можност во договорот да има клаузула за продолжување на уште една година.

Со ова Тухел сака во следната сезона да ги спои Рамос и Тиаго Силва и да може да постави одбрана со четворица дефанзивци, па со тоа повеќе да ги користи офанзивците кои ги има на располагање.

Челси во среда го дочекува Реал Мадрид во реваншот од полуфиналето во ЛШ, во составот на Зидан се очекува да биде и Рамос.