Челзи е заинтересиран за еден од најдобрите фудбалери на Европското првенство кое заврши пред 10 дена, англискиот репрезентативец Деклан Рајс, пишува Скај Спортс.

Спеак сигурно проблематична ќе биде цената која неговиот клуб Вест Хем ја има поставен за својот бисер.

Наводно тимот од Лондон бара 100 милиони евра за Рајс, за кого интерес постои од сите моќни премиерлигаши.

Челзи би сакал некако да ја намали сумата за овој трансфер, а како џокер за таа операција го гледаат Тами Абрахам, кој не е во плановите на Томас Тухел за следната сезона, а би можел да му помогне да го донесат играчот кој би бил еден од главните во тимот на Германецот.