Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел воопшто не го потценува квалитетот на Аталанта, смета дека клубот од Бергамо е опасен, ефикасен и незгоден.

ПСЖ може да има сериозни проблеми со Аталнта, екипата од Италија проблеми со отсуството на Иличич, но тие играат тимски и се многу незгодни.

„Ќе биде тешко против Аталанта, немаат што да загубат, незгодни се и ефикасни. Овае голем предизвик за нас, Аталнта игра уникатен фудбал, не знаете од каде можат да бидат опасни, ги анализиравме, очекувам големо тактичко надмудрување, ние сме подготвени, но нема лесни натпревари. Се надевам дека ќе го имам Мбапе во составот“ – изјави Тухел.

Средбата ПСЖ-Аталанта започнува од 21 часот.