Фудбалерите на Челзи се пласираа во осминафиналето на Карабао Лига Купот со победа против Астон Вила после пенали.

Тренерот на Челзи, Томас Тухел комбинираше и менуваше. Но, сепак тој најави дека неговиот тим нема да тактизира во ниту едно натпреварување оваа сезона.

„Премиер лигата или Лигата на шампионите не се пред некои од другите натпреварувања. Ние во овој клуб сакаме да створиме менталитет на победник за секој натпревар. Тоа мора да биде нашата ДНК“- изјави Тухел.

Откако ја минаа Астон Вила, Челзи во осминафиналето на домашен терен ќе игра против Саутемптон.