Челси со предност од 1:0 ќе го пречека Атлетико Мадрид во осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите, благодарение на одличниот гол на Оливеи Жиру.

Томса Тухел по победата над фаворитот од Шпанија, ги пофали неговите играчи и го издвои Жиру како важен елемент во неговиот состав.

„Кога би можеле да го гледате секојдневно на тренинг нема да бидете изненадени од него. Тој е тотално фит, неговото тело е во топ форма и ментално е на високо ниво. Го има менталитетот потребен за уживање во професионалниот фудбал. Тренира како 20 годишник. Тој е човек кој има микс на сериозност и на уживање додека тренира. Секогаш е позитивен и е важен дел нд нашата група играчи.“ – изјави  Томас Тухел.