Секекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Љубиша Тумбаковиќ денес го објави списокот на играчи за натпреварите против Португалија и Луксембург во квалификациите за Европското првенство.

Тумбаковиќ го најави враќањето на Лука Миливојевиќ и Матија Настасиќ кои повеќе од една година не беа дел од репрезентацијата поради кавга со поранешниот селектор.

На списокот како трет голман се најде и доскорешниот млад репрезентативец Борис Радуновиќ.

Србија ќе ја пречека Португалија на стадионот „Рајко Митиќ“ на 7 септември, а три дена подоцна ќе гостува кај Луксембург.

Стадионот во Белград се очекува да биде исполнет до последно место, особено поради Кристијано Роналдо. Како и вие да го видите капитенот на Португалија за 200 денари, дознајте ТУКА.