Српската фудбалска репрезентација се очекува во понеделник да добие нов селектор.

Медиумите во Србија пишуваат дека доскорешниот стратег на Црна Гора, Љубиша Тумбаковиќ во понеделник ќе биде именуван за нов селектор на седница на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Тумбаковиќ, според неофицијални информации, ќе има годишна плата од 300.000 евра колку што имаа и неговите претходници, а ќе му следува исто толкав бонус доколку Србија успее да се пласира на Европско првенство на кое не учествувала од 2000 година.