Фудбалскиот гигант од Турција, Галатасарај има намера да го доведе Езџан Алиоски во своите редови како сензационално засилување за следната сезона.

Алиоски е желба на Галатасарај, македонскиот репрезентативец нема нов договор со Лидс, актуелниот му завршува во јуни.

Ова сака да го искористи Галатасарај кој се надева дека Алиоски ќе се реши да ја прифати нивната понуда.

Алиоски веќе четврта година настапува за Лидс, никогаш не изјавил дека има намера да го напушти клубот, но нема понуда за нов договор, барем не официјално.

Турски медиуми јавуваат дека начелен договор меѓу Алиоски и Галатасарај има, се договараат деталите, македонскиот репрезентативец запиша 150 настапи за Лидс во четири сезони.