Един Џеко е пред потпис за Фенербахче, пренесува турскиот весник Созчу.

Тој, наводно, веќе договорил сè со претседателот на турскиот гигант, а договорот треба да биде потпишан следната недела.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина има уште една година договор со Рома, но се чини дека тој не е во плановите на Жозе Мурињо и дека ќе се пресели во Турција. Џеко има 35 години, па се очекува негово заминување.