Италијанскиот весник „Тутоспорт“ ја објави финалната листа на 20 фудбалери номинирани за наградата „Златно момче“ за најдобар играч до 21 година во која за жал не се најде Елиф Елмас.

Македонскиот репрезентативец беше помеѓу 30-те номинири, но не се најде во последниот ешалон во трата за оваа престижна награда. Минатата година оваа награда ја понесе Матијас де Лихт, кој и годинава е номиниран меѓу 20-те најдобри. Покрај него се наоѓаат и фудбалери како Каи Хаверц, Ансу Фати, Жоао Феликс, Андриј Олексијович, Даниел Мален, Џејдон Санчо и многу други.

Овој избор за најдобар млад фудбалер се организира од 2003 година, а прв добитник е Рафаел ван дер Варт. Освен организаторот „Тутоспорт“ во гласањето учествуваат и други престижни спортски медиуми како „Франс фудбал“, „Кикер“, „Мундо Депортиво“, „Де Телеграф“, „Тајмс“, „Марка“ и други.