Како што пишуваат медиумите во Италија, Интер се откажал од маратонските преговори за Ромело Лукаку и  тргнува по Едисон Кавани.

Интер се откажал од намерата да преговара со Јунајтед кој инсистирана на 80 милиони евра обештетување, алтернатива гледа во Едисон Кавани.

Уругваецот има уште една година договор со ПСЖ , Кавани има голема плата од 12,5 милиони евра по сезона, тоа е проблем за Интер кој веќе официјално го најавил  интересот за овој напаѓач.

Кавани играше во Италија за Палермо и Наполи, познат му  е стилот на играта, постигна 112 голови, го сака Италијанскиот фудбал и веројатноста да се врати во калчото е голема.

Наполи го продаде Кавани на ПСЖ во 2013 година за 64 милиони евра.