Лука Модриќ нема да го напушти Реал Мадрид, ова го тврди „Tuttosport“ , Хрватот останува во Шпанија откако одбил понуда од клуб за кого навивал цело свое детство.

„Tuttosport“  објави дека Модриќ цел свој живот навивал за Милан но ја одбил понудата од овој клуб и пријателот Звонимир Бобан, сака да остане во Мадрид.

Модриќ има 34 години, со Реал има договор до крајот на сезоната а потоа сака да продолжи со „кралевите“ тврди весникот од Италија.

Милан има проблем да го доведе Модриќ поради големата плата, ќе почека до следниот преоден рок, но не зимскиот во јануари за да се договори со Хрватот, тврди „Tuttosport“.