Официјалниот твитер-акаунт на Ла Лига постави пост во кој ги згреши сликите на играчите на Барселона Ансу Фати и Нелсон Семеду.

Во постот Ла Лига му ги честиташе двата гола на Фати постигнати на средбата против Леванте, со кои стана најмладиот фудбалер во историјата на Ла Лига кој на една средба постигна два гола. Фати тоа го стори на 17 години и 94 дена.

Но, место сликата на Фати, поставена е сликата на неговиот соиграч Нелсон Семеду.