Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години загуби од Англија на теренот на ФФМ со 5-0 во рамки на квалификациите за пласман во елитната фаза.

Стрелци на головите за „Гордиот Албион“ беа Томас Доил, Гордон, Сака и Гарнер кој беше автор на два погодоци. Интересно е што Македонија пред само една година во Скопје во истата возрасна категорија ја совлада Англија со головите на Атанасов и Митровски, но тоа денеска не беше случај.

Македонија по 2 кола има еден освоен бод, откако во премиерната рунда одигра без голови против БиХ, додека Англија има максимален број на победи по првите две кола.