Натпреварот меѓу фудбалските репрезентации за играчи до 21 година на Македонија и Фарски Острови, кој требаше да се одигра денеска и дефинитивно е одложен. Причина за тоа се немањето елементарни услови за одржување на мечот.

Ова го одлучија судиите и делегатот на натпреварот кои проценија дека теренот е во многу лоша состојба поради мразот кој се наоѓаше на самиот тревник. Ваквата одлука беше очекувана, откако вчера и селекторот Благоја Милевски изјави дека теренот е катастрофален, а поради тоа не успеаа да го одржат предвидениот тренинг.

Овој меч ќе се одигра во јуни следната година, а првиот дуел од овие квалификации меѓу Македонија и Фарски Остови заврши со убедлива победа од 7-1 за нашата селекција.