Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години го совлада Лихтенштајн со 4-0 во претквалификациите за Европското првенство.

Стрелци на головите за Македонија беа  Таипи во 36, Фета 45,  и Саитовски кој погоди во 50. и во 89. минута.

Македонија има шанси за пласман во елитната фаза од квалификациите како најдобро третопласирана селекција во сите групи.

Од вкупно 13 групи, четири најдобри третопласирани репрезентации ќе обезбедат елитна квалификациска фаза