Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години ремизираше со Србија на првиот од двата контролни натпревари во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски“, избраниците на Канатларовски одиграа натпревар ебз многу шанси. Во првиот дел Шуку ја имаше најдобрата за Србија, Тасев одбрани. Во вториот дел доминираше гостинот, но резултатот остана непроменет.

Македонија: 1. Стефан Тасев, 2. Никола Павлески, 4. Бленд Зекири, 6. Матеј Ангелов, 7. Дашмир Елези, 10. Бесар Гуџуфи, 13. Христијан Поп Антовски (Марко Ристов 60`), 14. Мирче Стоилов (Марко Тренески 63), 15. Борјан Попоски (Енис Буки 60`), 16. Игор Јаневски, 19. Ерион Шуку;

Замени: Васко Василев, Марко Ристов, Енис Буки, Матеј Ѓоргуев, Левент Ибраим, Матеј Ѓурчиновски, Марко Тренески;

Србија: 12. Лазар Каличанин, 2. Дишан Ѓоровиќ, 3. Бранислав Миланов, 4. Стефан Лековиќ, 6. Урош Пауновиќ, 9. Давор Ракиќ, 10. Павле Огњановиќ, 15. Вања Апостоловски, 17. Андреј Стефановиќ, 20. Никола Маринковиќ; Селектор: Саша Илиќ

Замени: Премовиќ, Жакниќ, Васиќ, Ивановиќ, Гордиќ, Вукиќ, Маљукан, Лабан, Миладиновиќ;

Вториот контролен меч меѓу селекциите на Македонија и Србија ќе го одиграат в четврток од 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.