Младата репрезентација на Македонија загуби од соодветната селекција на Црна Гора во рамките на вториот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „ Петар Милошевски “, во комплексот „ Куќа на фудбалот “, противникот славеше победа со 1:0, благодарение на погодокот што го постигна Марко Перовиќ во 63′. Во првото полувреме мрежите мируваа, а двете селекции пропуштија по неколку добри ситуации за постигнување гол. Зани Незифи со удар од далечина на два пати се закани по голот на гостинскиот голман, но без реализација.

Во продолжението Македонија имаше игра, создаваше можности , но немаше среќа да постигне гол. Најдобрите прилики ги имавме преку Стојанов, Величковски и Азис Јамини.

На првата средба меѓу овие две селекции, Македонија и Црна Гора одиграа нерешено 1:1.

„ Задоволен сум од она што го покажаа моите фудбалери на овие два натпревари, но од резултатот не. На двата меча изостана реализацијата, пропуштивме многу прилики за гол. Сеуште сме во почетна фаза на развој на овие млади играчи, но со овој пристап и карактер што го покажаа моите фудбалери, сигурно дека не чекаат подобри резултати во иднина.”, вели селекторот на младата репрезентација на Македонија, Тони Јакимовски.

 

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА  0 : 1 Марко Перовиќ 63  )

МАКЕДОНИЈА ДО 17: 1. Стефан Јовановски, 4. Анес Мељичи, 5. Марко Стојилевски, 7. Кире Стојанов, 8. Мартин Ѓоргиевски, 9. Зани Незифи, 13. Лорик Каба, 14. Андреј Аризанкоски, 15. Хадис Таири, 18. Максим Бундалески, 20. Умерфарук Сулејман;

Резерви: 12. Самоил Талевски, 2. Мартин Јовановиќ, 3. Матеј Јаневски, 6. Амир Беќири, 10. Азис Јамини, 11. Филип Јовановски, 16. Амир Нухији, 17. Филип Закоски, 19. Никола Величковски;

Селектор : Тони Јакимовски;

ЦРНА ГОРА ДО 17 : 12. Петар Петровиќ, 2. Милош Врацар, 3. Лука Бубања, 4. Ромарио Цамај, 5. Јован Кецојевиќ, 6. Лука Лециќ, 7. Немања Павичевиќ, 8. Страхиња Тешовиќ, 9. Алекса Вукадиновиќ, 10. Никола Медојевиќ, 11. Ненад Кривокапиќ.

Резерви: 1. Петар Бобичиќ, 13. Јанко Вуќичевиќ, 14. Томислав Туровиќ, 15. Стефан Радојевиќ, 16. Никола Радушиновиќ, 17. Андреја Беиќ, 18. Марко Перовиќ, 19. Балса Мрваљевиќ, 20. Марко Тадиќ, 21. Денис Љуљановиќ.

Селектор : Радован Каваја.