Младата македонска фудбалска репрезентација до 18  години, одигра нерешено во Ѓер со Унгарија 1-1, водевме од 31-та минута се до 91 -та кога примивме гол во финишот на средбата.

Матеј Ангелов по  31 минута игра донесе водство за Македонија, го имавме до финишот но во 91-та примивме гол од Рац за конечни 1-1.

Веќе за два дена ќе одиграме уште еден меч во Ѓер со Унгарија , во четврток со почеток од 11 часот.