Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години ќе одигра две пријателски пресметки.

Селекцијата предводена од Шкумбин Арслани ќе одработи петдневни подготовки а контролните натпревари со Шкендија и Тиквеш ќе ги игра на 12 и на 15 август на тренинг центарот Петар Милошевски.

„Нашиот план е да реализираме тренинг камп од 10. до 15. август на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Со оглед на тоа дека мина релативно долго време од нашиот последен собир, сметам дека е позитивно и самото тоа што повторно ќе бидеме заедно и ќе се фокусираме на фудбалските обврски. Соочени со пандемијата, во изминатиот период пропуштивме голем број меѓународни натпревари, кои секако ќе беа од голема корист за оваа селекција, но ова е нова можност и се надевам дека се ќе помине во најдобар ред. Тренинзите и натпреварите ќе бидат од корист за сите, а ние ќе добиеме подобар увид во формата на фудбалерите. Повик добиваат 23. фудбалери, сметаме дека ги повикуваме најдобрите во моментот, надополнети со двајца нови повикани репрезентативци. Временската рамка е кратка за оваа селекција, затоа што веќе во октомври не очекуваат квалификации во Чешка, така што секој што е повикан и добива шанса, очекуваме да дадат сѐ од себе и максимално да одговорат на зададените задачи.“- изјави селекторот Шкумбин Арслани.

Арслани за овие мини подготовки нема да може да смета на Марио Илиевски, Кристијан Таневски, Али Асани и на Бесфорд Арифи.

Голмани: Кристијан Китаноски (Брегалница), Кире Новаков (Триглав Крањ, Словенија), Марко Алчевски (Академија Пандев);

Одбрана: Албин Саити (Х. Драговољац, Хрватска), Филип Костовски (Силекс), Бенјамин Далипи (Х. Драговољац, Хрватска), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Имран Фетаи (Шкендија), Виктор Крстевски (Вардар), Славе Маркоски (Охрид Лихнидос), Алтрим Јакупи (Шкендија);

Среден ред: Хамза Рамани (Велазерими), Иван Николов (Академија Пандев), Сава Аврамовски (ОФК Београд), Димитар Тодоровски (Работнички), Филип Андоновски (Вардар), Бехар Фета (Шкендија), Леонид Игњатов (Хајдук, Хрватска);

Напад: Методи Максимов (Работнички), Лука Станковски (Работнички), Арда Окан Курт (Фенербахче, Турција), Азер Омерагиќ (Хајдук, Хрватска), Луан Абази (Ст. Гален, Швајцарија);