Нашата надежна селекција од 13:00 часот против Босна и Херцеговина на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го отвора квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство.

Репрезентативците Агон Елези и Давид Тошевски велат дека со нетрпение го очекуваат почетокот на турнирот и се надеваат на позитивен резултат.

Младите наши фудбалери покрај БиХ се среќаваат и со Англија и Луксембург во овој квалифкациски циклус на кој домаќин е ФФМ.