Нашата женска репрезентација за фудбалерки до 19 години беше убедливо поразена со 6:0 во дуелот со Словачка во 2 коло од групата 1 од евроквалифиакциите.

Ова за Македонија беше втор висок пораз во рок од четири дена откако во воведното коло од оваа група, Франција славеше со 10:0.

Коларова и Типулова ги постигнаа головите во првото полувреме додека во вториот дел Ничевска ја совладаа Калаберова во два наврати, Семанова, и Наџи.

Во следното коло, Македонија ќе игра против Романија а натпреварот е закажан за во понеделник.