Украина е нов Светски првак во фудбал за играчи до 20 години. На мундијалот во Полска, Украина во финалето ја победи Република Кореја со 3-1.

Европа победува на Мундијалите во оваа возразсна категорија четири години во низа, Кангин Ли ја доведе Кореја во водство но Украина со головите на Сурпиаха  и Цитајвили направи пресврт за прво место на Светското првенство.

Украина е 11-та земја која го освоила младинското СП, последен победник беше  репрезентацијата на Англија, која го освои  трофејот од 2017 година.