Србија претрепе тежок пораз од Германија со 1-6 на Европското првенство во Италија за играчи до 21 година. Германците делуваа перфектно и ја понижија Србија на континеталниот собир.

Валдшмид постигна хе-трик за Германците, стрелци на погодците уште беа  Рихтер, Дауд и Мајер, единствениот гол за Србија го постигна  Живковиќ кога намали на 1-5. Србија на ЕП во Италија скор од два порази по првите две средби, гол разликата е 1:8, во последното коло се среќава со Данска без шанси за прогрес во следната рунда. Германија е прва во оваа група Б, со максимален ефект , две победи , второто место засега им припаѓа на Данска и Австрија со по 3 бода.