Младата македонска фудбалска репрезентација денеска на теренот на ФФМ од 14-30 часот го пречекува Казахстан во квалификациите за ЕП 2021 година.

Македонија има две победи на првите два меча, ги совладавме Фарски Острови со 7:1 и  во Подгорица запишавме победа против Црна Гора од 2:1.

Казахстан во квалификациите има одиграно четири натпревари, победи два пати и беше поразен исто така на две средби, изразит фаворит нема на овој натпревар.