Младата македонска фудбалска репрезентација вечерва и гостува на Израел, во претпоследниот натпревар во квалификациите за ЕУРО.

Мечот на стадионот „Нетанја од 18 :30 часот е пресметка со директниот конкурент за второто место во групата со кој минатиот месец во Скопје одигравме 1-1, спасувајќи бод со голот на капитент Здравковски во последната минута.

Благоја Милевски пред патувањето за Израел потенцираше дека се зависи од нас, нашата игра и менталитет да ги покажеме на терен, потоа победата ќе дојде.

Македонија ги завршува квалификациите во вторник до мечот против Црна Гора во Скопје.