Младата репрезентација на Македонија вечерва од 17 часот во Подгорица го игра вториот меч во квалификациите за ЕП 2021 година.

Црна Гора е противникот на нашите надежи кои по победата над Фарски Острови со 7-1 сега се надеваат на нови бодови во квалфикациите.

Нашите надежи се подгтовени за овој дуел во кој изразит фаворит нема, Црна Гора има само една победа на три меча во групата.

Треба да одиграме „машки“ и многу фокусирано на секој дел од теренот. Иако отворивме во квалификациите со убедлива победа, сепак, имавме некои грешки и на тој натпревар што против Црна Гора не смееме да ги повториме. Битно е да одиграме како тим и сите заеднички да придонесеме во играта за да успееме да запишеме три бода, изјави Дарко Чурлинов.