Македонецот Стефан Чолаковски ќе се стави на располагање на селекторот на младата репрезентација, Благоја Милевски во квалификациите за пласман на ЕП 2023.

Чолаковски е играч на Мелбурн Сити од Австралија, потврдил дека ќе настапува за младата селекција, потврдуваат од ФФМ.

Милевски ќе има одличен играч во новиот квалификациски циклус, Чолаковски има 20 години, игра на крилната напаѓачка позиција, и тоа ќе биде големо засилување за У21 тимот.