Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година утринава отпатува за Црна Гора, во четврток се среќаваме со оваа селекција во квалификациите за ЕП 2021 година.

Благоја Милевски ќе тргне на пат во некомплетен состав, дел од репрезентативците ќе тргнат од Скопје, останатите ќе пристигнат директно во Црна Гора.

Фудбалерите кои играат надвор од Македонија во најголем дел ќе пристигнат директно на подготовките во Подгорица каде во четврток ќе се одигра натпреварот.

Македонија има една победа, убедлива против Фарски Острови со 7-1, Црна Гора досега запиша една победа и два порази на трите меча одиграни во квалификациите.

Црна Гора има победа над Фарски Острови со 3-0 и порази од Казахстан со 2-1 и Шпанија со 2-0.

Натпреварот меѓу Црна Гора и Македонија во четврток се игра од 17 часот.