Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година вечерва на стадионот „Санто Доминго“ (19-45ч.) во Алкоркон се среќава со Шпанија, актуелен Европски првак во оваа категорија.

Македонија е во борба за едно од двете први позиции во групата 6, Шпанија е лидер со три од три, Казахстан по пет одиграни средби има 7 бода, нашиот национален тим исто така има 7 бода на контото но од 3 средби.

Иако надежите играат добро, се среќаваат со актуелен првак на Европа, ниту една наша ТВ  не откупи телевизиски права за пренос од  оваа средба.

Ниту една национална ТВ куќа не се одважи да најде финасии за пренос од овој меч, ќе бараме стримови ако воопшто најдеме да ги гледаме нашите репрезентативци.

Ова е уште еден национален пораз на спортски план кога се преносите во прашање, но ќе се сложите, веќе се навикнавме…