Дарко Чурлинов е најновото име во македонската репрезентација до 21 година кое нема да биде во составот за мечот против Црна Гора, откако селекторот Благоја Милевски го ослободи од обврските на барање на Штутгарт.

Бундеслигашот инсистирал напаѓачот да се врати во Германија, откако неколкумина во македонската репрезентацијата добија позитивни тестови на Ковид-19.

Селекторот Милевски му дозволи да се врати во својот клуб, пред се за да се избегне евентуална непријатност поврзана со Ковид-19 која би значела подолго отсуство од терените за Чурлинов.

Претходно, Македонија за за вршниот меч од квалифуикациите за пласман на Европското првенство против Црна Гора во втроник во Скопје остана без Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски и Љавдрим Фазлиу, а ново повикани се Виктор Крстевски од Вардар, Енсар Љума од Шкендија, Ване Јованов од Академија Пандев и Славе Маркоски од Септември Софија.