Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година го претрпе првиот пораз во групата 6 од квалификациите за следното ЕП.

„Црвената Фурија“ победи со 3:0 во натпревар на кој доминираше, го диктираше темпото и имаше целосна контрола над играта.

Гарсија го отвори резултатот во 7 минута, Серафимов постигна автогол во 47 минута за 2:0 а конечните 3:0 беа дело на Педроса во 87 минута.

Во следното коло, избраниците на Благоја Милевски ќе и гостуваат на Фарски Острови, натпреварот е закажан за 19 ноември.