Полициската исграта за големиот скандал „Барсагејт“ кој минатата година ја потресе Шпанија но и Европа, денеска продолжи со претрес на клупските простории на Барселона и апсење на неколку лица меѓу кои е и поранешниот претседател на „Каталонците“, Жозеп Мариа Бартомеу.

Шпанската поиција утрово извршиле рација (претрес) во канцелариите на Барселона по што го уапсила Бартомеу како и генералниот извршен директор на клубот, Оскар Грау и првиот адвокат на Барса, Рамон Гомез Понти.

Сите се сомничат за корупцискиот сканал „Барсагејт“, за милионски договор со И3 Вентурас, компанија која се занимава со креирање на јавно мислење на социјалните мрежи.

Бартомеу и неговите соработници, наводно сакале да го подобрат нивниот личен имиџ додека да се оцрнат оние на противниците и на поранешните членови на управата на клубот.

Во целата акција на „И3 Вентура“ цел на критики беа и фудбалери како што се Меси, Пике, Чави и поранешниот тренер Пеп Гвардиола.