Вкупно 85 лица се уапсени вчера во Сплит каде се играше натпреварот на фудбалските селекции на Хрватска и Унгарија.

Хрватската полиција соопшти дека приведени се 36 хрватски државјани и 49 странски поради прекршувања на законот за спречување на нереди на спортски натпревари и нарушување на јавниот ред и мир.

За време на одржувањето на натпреварот не биле забележани нереди, но при прегледот на стадионот биле пронајдени осум парчиња различни пиротехнички средства.

Хрватска ја победи Унгарија со 3:0 и остана на првото место во групата Ф од Евроквалификациите.