Неколку месеци после трагичната несреќа во која животот го загуби аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала едно лице е уапсено.

Како што е добро познато аргентинскиот напаѓач потпиша од Нант потпиша за Кардиф за сума од 17 милиони евра која беше најголема која клубот од Велс ја платил за еден играч во својата историја.

Покрај Сала во несреќата настрада и пилотот Дејв Иботсон.Денес медиумите во Англија објавија дека едно лице од 64 годишна возраст со живелиште во Јоркшир е уапсено и испрашувано во врска со несреќата. После неколку часа испрашување како што се пишува лицето било ослободено.
Истрагата ќе продолжи и понатаму, а засега нема повеќе информации за идентитетот на осомничениот, не е познато ниту како тој влијаел на несреќата.