Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, се сретна со тренерот Џенаро Гатузо.

Како што пишува новинарот Џанлука Ди Марцио, средбата мина во исклучително позитивна атмосфера, а на таа средба се дискутираше за наредните чекори на клубот, за продолжување на договорите со неколку фудбалери, но и за продолжување на договорот на самиот Гатузо.

Де Лаурентис му ја даде сета поддршка на Гатузо и го иницираше потпишувањето на новиот договор. На крајот е договорена уште една средба на која ќе се договорат деталите и рокот на новиот договор.

Постоечкиот договор на Гатузо важи до крајот на оваа сезона, со клаузула тој автоматски да се продолжи за една година, ако Наполи обезбеди настап во Лигата на шампионите.

Засега Наполи е на 6. место во Серија „А“, со 39 бода од 26 средби.