Удинезе денеска  го промовираше Илија Несторовски за ново засилување во екипата на својот официјален сајт.

На претставувањето Несторовски изјави дека е задоволен што ќе игра за овој клуб со голема традиција.

„Благодарам за довербата, ќе направам се  да возвратам со  она што го знам, голови во новата сезона. Секогаш во последните десет сезони постигнував по двоцифрен број на голови, ветувам најмалку 10 голови сезонава“ – изјави Нестровски.

Несторовски изјави дека добро ги познава играчите на Удинезе  и верува дека брзо ќе се вклопи во тимот со кого очекува многу победи сезонава.