Удинезе на нашиот Илија Несторовски вечерва и гостува на Верона во рамки на 5 коло од Серија А. Удине на овој меч ќе се обиде да ја прекине серијата од 3 порази, а тимот на Верона е одлична можност за тоа.

Несторовски на почетокот на сезонава не добива многу шанса за игра, но вечерва се очекува да биде во почетните 11 поради суспензијата на Де Паул. Минатото коло Удинезе беше непријатно изненаден од Бреша која славеше на „Фриули“ со 0-1.

Покрај овој меч се игра и натпреварот на Бреша која ќе го дочека актуелниот шампион Јувентус. За напомена поради повреда за „Старата дама“ нема да настапи Кристијано Роналдо.