Верона и Удинезе ремизираа без голови во воведниот натпревар од 5 коло во Серија А. Нашиот репрезентативец, Илија Несторовски не доби шанса на овој натпревар следејќи го од клупата за резерви.

Игор Тудор се одлучи да менува во нападот во второто полвуреме, ги повлече од игра Ласања и Барак а потоа и Сема но шанса добија Оакак, Валас и Опоку.

Несторовски на последните три натпревари за Удинезе одигра само шест минути и тоа во поразот од Интер од 1:0 пред две кола.

Во следното коло Удинезе ќе ја пречека Болоња во обид да дојде до втората овосезонска победа, по пет кола тимот од Удине освои четири бода.