Удинезе ја продолжи низата без победа во Серија А откако ремизираше без голови против Верона во натпревар од 24 коло.

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски остана на клупата за резерви а Гот одлучи да искориси само две од трите шанси за промени за време на дуелот. Сумирано и двата тима имаа свои шанси за гол но никој не успеа да ја затреше мрежата на противникот.

По ова реми, Удинезе остана на 14 место на табелата додека Верона ја задржи шестата позиција на табелата, сето ова може да се промени до комплетирањето на ова коло во Калчо лигата.