Удинезе за кој настапува македонскиот репрезентативец Илија Несторовски стигна до 3.победа во годинашнава сезона, откако беа подобри од Торино со 1-0.

Несторовски натпреварот го започна од клупата за резерви, а во игра влезе во 87 минута и беше без посериозна шанса за постигнување на гол. Решавачкиот момент се случи во 42 минута кога Окака им донесе голема радост на домашните навивачи.

Со оваа победа Удинезе изби на 10 позиција на табелата со 10 освоени бода, додека Торино е 9 со идентични бодови како и денешниот опонент, но и подобра гол разлика.