Очекувано, нисколигашот Кјарлинс немаше сили за вистински да му се спротистави на Удинезе во денешната контролна средба.

Фаворитот победи со 7:0 а два гола постигна нашиот сениорски репрезентативец, Илија Несторовски за 67 минути поминати на теренот.

Првиот сериозен тест, Удинезе и Несторовски ќе го имаат во воведното коло од новата сезона во Серија А во кое ќе го пречекаат Милан, натпреварот ќе се игра од 18 часот на 25 август.