Паоло Валери од Рим ќе ја дели правдата на средбата меѓу Македнија и Израел во Скопје во вторник, последен меч за двете селекции во квалифкациите за ЕУРО 2020.

Италијанецот еднаш му судел на Израел, но на селекција за играчи до 19 години и тоа во 2011 година, не им е среќен судија бидејќи оваа селекција на нашиот противник загуби од Чешка со 2-1.

На Македонија и суди за прв пат а му судел на Вардар против Бате Борисов во 2012 година, квалифкации за Лигата на шампионите, средбата во Скопје  заврши без победник.