По петмесечна пауза поради избувнувањето на пандемијата на коронавирус, денеска конечно продолжува елитниот фудбал на стариот континент.

На програмата се четири пресметки во рамки на 1/16 финалето во Лигата на Европа, а рестартот на сезоната тргнува  од Копенхаген, каде Данците ќе бркаат негатива од 0-1 против новокрунисаниот турски првак Истанбул Башакшехир и Доњетск, каде Шахтјор го пречеува Волсбург со предност од 2-1 од првиот меч.

Реванш натпревар ќе се игра и на Олд Трафорд каде Манчестер јунајтед ќе треба само рутински да ја заврши работата против австриски Ласк поради победата од 5-0 од првиот натпревар, додека согласно новото правило на Уефа, Интер и Гетафе ќе го одлучат патникот во следната фаза во еден натпревар закажан за во 21 часот на неутрален терен во Германија.