Европската фудбалска куќа објави дека добила барања за14 милиони билети за Европското првенство  во фудбал кое идната година, ќе се организира низ Европа.

УЕФА стави 1,5 милиони билети на онлајн продажба, за кои аплицираа речиси десетпати повеќе заинтересирани навивачи, па сега после пријавувањето, УЕФА преку своја селекција ќе одреди кои навивачи ќе ги добијат влезниците за мечевите на Европското Првенство 2020 година.

Континенталниот шампионат е закажан од 12 јуни до 12 јули идната година во 12 градови низ Европа, а финалната фаза со полуфинале и финале ќе се игра на „Вембли“ во Лондон,а ваквиот формат е поради одбележување на 60 години од оваа натпреварување.

Највеќе барања има од три градови организатори, чии жители поднеле 50 отсто од билетите – Санкт Петербург, Лондон и Будимпешта.

За финалето има 1,3 милиони барања додека за двете полуфинални средби има вкупно 1,5 милиони барања за влезници.

Втората онлајн продажба за турнирот ќе биде пуштена во декември, откако ќе биде извршена ждрепката за групите на 30 ноември додека 1 милион билети ќе бидат пуштени во „лотаријата“ за навивачите на земјите учеснички на европскиот шампионат.