УЕФА денес ја постави горната граница за цените на влезниците за гостинските навивачи на натпреварите од Лигата на шампиони и Лига Европа.

Според одлуката, максималната цена за гостинските навивачи во Лига на шампиони е 70, а во Лига Европа 45 евра.

„Навивачите се силата на оваа игра и тие кои ги следат своите клубови на гостувањата мора да имаат пристап до влезниците по разумни цени, имајќи ги во предвид и трошоците за патување. Со ограничување на цените на влезниците сакаме да се осигураме дека гостинските навивачи ќе може да патуваат на натпреварите и да ја одиграат својата улога и со тоа атмосферата на стадионите да биде посебна.“ – изјавил првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Новата сезона во овие натпреварувања почнува во средината на септември.