Челниците на УЕФА утре ќе се сретнат во Љубљана каде ќе зборуваат за промени во Лигата на нации. Ова натпреварување своето деби го имаше минатата година, а УЕФА веќе подготвува нов систем и повеќе учесници во Лигата А.

Како што пишуваат германските меиуми во Лигата А место 12 ќе се натпреваруваат 16 селекции. Тоа се добри вести за репрезентации како Хрватска, Германија, Полска и Исланд кои ќе остата во најсилното европско друштво, иако требаше да испаднат во Лигата Б.

Во Лигата А влегуваат БИХ, Данска, Шведска и Украина. Второто издание на Лигата на нации ќе започне во септември идната година.