Македонските екипи во европските купови од следната година ќе добиваат помалку пари од УЕФА, откако Европската куќа на фудбалот одличи во следните пет години го намали износот на паричните награди за учесниците во двете свои клупски натпреварувања.

Одлуката, како што бјави лондонски Тајмс, а ја пренесува агенцијата Ројтерс, се темели на финансиските загуби на УЕФА предизвикани од кризата поради пандемијата на коронавирус.

УЕФА ги информрала земјите членки дека поради одложувањето и редуцираниот број натпревари во групната фаза во ЛШ и ЛЕ во минатата сезона дошло до пад на приливот на приходите од продажбата на телевизиските права и спонзорските договори за повеќе од 666 милиони долари.

Според инфомациите, учесниците во групната фаза во најелитното европско клпско натпреварување, според новиот ребаланс, би требало да поделат 1.95 милијарди евра.