Вечерва се играат првите осминафинални дуели меѓу Атлетико Мадрид и Челси односно Лацио и Баерн Минхен.

Двата дуела започнуваат во исто време, 21 часот, УЕФА на својот официјален сајт ги објави можните состави за овие средби.

Лацио во Рим го пречекува Баерн Минхен, шампионот на Германија и актуелен првак во Лигата на шампионите е фаворит во двомечот.

Баерн Минхен е без седум играчи на гостувањето во Рим, кај Лацио има двајца кои не се во комбинација.

Атлетико Мадрид го пречекува Челси, клубот од Лондон е во подобра ситуација барем кога се повредените играчи во прашање.

Кај Атлетико Мадрид поради повреда и суспензија не се во комбинација пет играчи, додека кај Челси само еден.