Согласно развојот на настаните предизвикани од ширењето на covid-19 во Европа,  сите мини турнири од елитните рунди за пласман на европските првенства до 17 години, жени до 17 години, до 19 години и жени до 19 години, кои требаше да се одржат помеѓу 14. март и 14. април 2020 година се одложени.

Одлуката значи дека македонската репрезентација до 19 години нема да патува во Шпанија за квалификацискиот турнир од Елитна фаза за пласман на Европско првенство. Турнирот во Шпанија требаше да се одигра од 25. до 31. март.

Ова е генерална превентивна мерка која се превзема со цел да се избегне можноста играчите од кои повеќето се малолетни да бидат одвоени од семејствата.

УЕФА ги повика претставниците на 55. земји членки, заедно со одборите на Европската kлупска Асоцијација и Европските лиги, како и претставници на ФИФПро да присуствуваат на состаноците кои по пат на видео конференција во вторник, 17 март 2020 со цел да се дискутира eвропскиот одговор на ширењето на вирусот.

Одлуките ќе се однесуваат на сите домашни и Европски натпреварувања, вклучувајќи го и УЕФА Европско Првенство 2020.